За нас

         Хидро енерго инженеринг ДОО Скопје е компанија во приватна сопственост основана 2008 година првенствено со цел да нуди комплетни технички решенија во градежништвото со специјализираност во процесот на изработка на проектно техничка документација од областа на:
 
  • Управување и планирање на водните ресурси
  • Брани и хидротехнички објекти
  • Хидроенергетски системи
  • Водоводни и канализациони системи
  • Системи за наводнување и одводнување
  • Системи за заштита од поплави и Уредување на водотеци
  • Хидроинформатика
  • Специјализирани инженерски услуги
  • Животна средина
  • Геотехничко инженерство
  • Останати услуги
        Во функција на остварување на нашите цели, постојано следиме и применуваме најнови технологии за исполнување на светски стандарди. Нашиот тим од вработени се состои од дипломирани градежни инженери, дипломирани електро инженери и дипломирани машински инженери кои со својата стручност и професионалност одговараат на потребите на клиентите.

Партнери

Визијата на ХЕИ е да стане водечка компанија од областа на хидротехниката и хидроинформатиката во Југоисточна Европа. За таа цел соработуваме со врвни компании од нашата земја и светот.